Христијан Тодороски Фан Клуб
Сакаш да станеш дел од Фан Клубот на Христијан Тодороски...Тогаш кликни на Регистрирајте се
Христијан Тодороски Фан Клуб
Сакаш да станеш дел од Фан Клубот на Христијан Тодороски...Тогаш кликни на Регистрирајте се
Христијан Тодороски Фан Клуб
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Сите фанови на Христијан Тодороски на едно место!
 
HomeHome  ПорталПортал  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  Фејсбук Профил  Твитер Профил  Dailymotion Видео  Веб Страница  Контакт  

 

 Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки

Go down 
2 posters
АвторПорака
Todoroska♥
Администратор
Todoroska♥


Број на мислења : 594
Reputation : 14
Член од : 2011-05-05
Години : 38

Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки  Empty
ПишувањеПредмет: Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки    Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки  Icon_minitimeПон 11 Jул 2011, 11:33


Флертувам на настапи, немам девојка и одлично се справувам со обожавателките, ќе каже младиот, харизматичен и талентиран прилепчанец Христијан Тодороски. Има три тетоважи, секоја со свое значење, има нова песна и спот и сите новитети, детали и занимливости за себе, приватниот и професионален живот ги сподели во ова интервју, само за ТОЧКА.
Христијан, сметаш ли дека избрза со некои твои коментари и постапки поврзани со Идолот?

Дали јас избрзав? Не, воопшто. Јас и додека бев дел од тоа музичко шоу кажав дека сум задоволен и тоа премногу и не мислам дека избрзав со сите коментари кои ги имам дадено, било да се лоши или добри.

Се ширеа муабети дека си во врска со некоја од учесничките од Идолот. Ги демантираш овие гласини или ги потврдуваш?

Ова не го потврдувам затоа што не сум бил во врска со ниедна, најмалку со учесничките од Идолот. Можеби имало некоја блиска дружба со неколку,но ништо сериозно. Не сум во никаква врска и немам девојка.

Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки  Hristijan-idol-01

Имаш три тетоважи. Кое е нивното значење?

Едната тетоважа е виолински клуч и бас клуч,како една почит спрема музиката, а другата тетоважа е ѕвезда со натпис ‘Only God can stop me‘, во превод само Господ може да ме запре затоа што сум свесен колку вредам и само Господ може да ме спречи да ги остварам своите планови. Третата тетоважа ми е онака, слатка тетоважа која не би ја открил.

Велиш знам колку вредам. Знаеше и пред Идолот колку вредиш, или после стана свесен за тоа?

После Идолот ми се докажа тоа јас колку вредам, заради тоа што пред Идолот сите учесници бевме само локални фраери и ѕвезди кои што функциониравме само низ клубовите, на пример јас во Прилеп, некој во Скопје, некој и пошироко но сепак не се кревало толкава фама. После Идолот сите дознавме кој колку вреди па понатаму ќе видиме кој како ќе се докажува.

Имаш нова песна и нов спот. Според тоа како започна, како сакаш да се движи твојата кариера? Како си го замислуваш музичкиот пат?

Па според тоа како започна кариерата, сакам да се движи баш во ова темпо во кое што сега ми се движи. Јас сум премногу задоволен од песната, сум премногу задоволен од спотот. Мислам дека се ќе биде во ред и дека ќе си ги остварам сите мои планови.

Велат кој пее зло не мисли. На што ти размислуваш додека пееш?

Јас воопшто не размислувам. Исклучен сум додека пеам, гледам да покажам што знам и умеам, без разлика дали е клупска свирка, настап, без обзир на тоа дали пеам една, три песни или цела вечер, јас воопшто не размислувам. Гледам кои луѓе се дојдени, гледам на тоа како реагираат на песните, гледам да флертувам со публиката, ако тоа е возможно.

Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки  Hristijan-idol-02

Сакаш да се запишеш на факултетот за драмски уметности. Зошто не на музичка академија затоа што и онака сакаш да се заминаваш со музика?

Глумата некако повеќе ме влече, не на професионален план, туку онака, голема е мојата желба да бидам професионален актер. Кај нас во Македонија нема школа за филм, затоа сакам да се запишам на драмски, така, имам голема желба. Сум актер веќе 4 години во Прилеп и од тука ми се појави желбата. И во музиката е потребно да знаеш да одглумиш, а во приватниот живот сум многу искрен и опуштен. И на сцена се претставувам онака каков што сум, несакам да бидам пластичен и статичен.

Христијан до пред неколку месеци живееше во Прилеп. Сега си во Скопје. Каде ќе се определиш да живееш и фунционираш?

Така е, се преселив во Скопје, а себе си се декларирам како прилепчанец кој поради обврските мора да биде во Скопје. Јас многу сакам да си бидам во родниот град, но кога ќе имам време тогаш. Сега сум почесто тука, а секој слободен момент ќе го искористам да си тркнам до дома.

Велиш сакам до возам Ролс Ројс. Знаеш ли колку песни треба да испееш за да стигнеш до тој автомобил?

Да,знам( хахах). Па не знам точно колку песни но знам отприлика за колку години. Ако во буџетот ми доаѓаат толку пари колку што јас мислам дека ќе ми доаѓаат месечно, тогаш за 10 години се надевам дека ќе возам Ролс Ројс.

Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки  Hristijan-idol-03

Што во моментов не ти се допаѓа на тебе. Што би корегирал?

Искрено би се здебелил, заради тоа што сум прилично слабичок. Сакам едно 5 кила да се поправам. Освен тоа отсекогаш сум си изгледал онака како што сум сакал. Имам и брендирана гардероба, но носам и тоа што мене ми се допаѓа, а да не е некое скапо парче. Не е важно дали е Армани, Версаче, Долче и Габана, важно е мене да ми се допаѓа. Не е важно дали е 12 000, 2 000 или 200 денари, битно е мене да ми стои и допаѓа.

Знаеш да се справиш со многуте обожавателки кои секојдневно те ‘напаѓаат’?

Обожавателките се дел од мојата кариера, така што мислам дека сега за сега одлично се држам со нив и можам да се справам. Сликање, муабети, пораки...пробувам на сите да им возвратам и одлично ми оди сега за сега.

И за крај на муабетот, еден совет до сите оние кои секојдневно го читаат најчитаниот веб портал кај нас, ТОЧКА?

Поздрав до сите ТОЧКОВЦИ (хахаха). Поздрав до сите што читаат tocka.com.mk, да продолжат да бидат паметни и да уживаат во секој момент од животот.

Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки  Hristijan-idol-04

Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки  Hristijan-idol-05

Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки  Hristijan-idol-06

Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки  Hristijan-idol-07
Вратете се на почетокот Go down
https://kikotodoroskifanclub.forummk.com
Зоки4
Член
Зоки4


Број на мислења : 32
Reputation : 0
Член од : 2011-06-28
Години : 27
Местолокација : Кичево

Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки  Empty
ПишувањеПредмет: Re: Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки    Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки  Icon_minitimeПон 11 Jул 2011, 12:44

Лелеле Срцкоо <3 Интересно интервју <3 Smile)
Вратете се на почетокот Go down
 
Христијан-Кико: Сакам еротика, флерт и девојки
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Кико е сам на снегот...
» Христијан Тодороски-Кико
» Кико и Ивица под опсада
» Христијан Тодороски - Кико со нова песна и сопт
» Новата Фризура На Кико

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Христијан Тодороски Фан Клуб  :: Христијан Тодороски :: Новости-
Отиди до: