Христијан Тодороски Фан Клуб
Сакаш да станеш дел од Фан Клубот на Христијан Тодороски...Тогаш кликни на Регистрирајте се
Христијан Тодороски Фан Клуб
Сакаш да станеш дел од Фан Клубот на Христијан Тодороски...Тогаш кликни на Регистрирајте се
Христијан Тодороски Фан Клуб
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Сите фанови на Христијан Тодороски на едно место!
 
HomeHome  ПорталПортал  Latest imagesLatest images  Регистрирајте сеРегистрирајте се  ВлезВлез  Фејсбук Профил  Твитер Профил  Dailymotion Видео  Веб Страница  Контакт  

 

 По него врескаат тинејџерките

Go down 
АвторПорака
Todoroska♥
Администратор
Todoroska♥


Број на мислења : 594
Reputation : 14
Член од : 2011-05-05
Години : 39

По него врескаат тинејџерките Empty
ПишувањеПредмет: По него врескаат тинејџерките   По него врескаат тинејџерките Icon_minitimeСре 13 Jул 2011, 09:47

По него врескаат тинејџерките BF4F45E497181F409DB46E916A0039E2
Тој беше еден од финалистите во шоуто „Македонски идол“. Неодамна ја сними својата прва песна „Пекол и рај“ и потпиша договор за соработка со продукцијата
„Мак мјузик“. Името на Кико се врзува со стотици
еуфорични тинејџерки, кои го следат секој негов чекор


Катерина Шекеровска

Ќе те вратам назад - што беше пресудно да се пријавиш на „Идол?“

„Па, што знам. Едноставно, желбата да покажам што знам да правам и да успеам на музички план. Идолот е убава можност за своја промоција, како што се и сите вакви шоу-емисии. Благодарен сум на ’Идолот’“.



Очекуваше ли дека изборот ќе ти го смени животот?

„Очекував дека ќе ми се промени, но никогаш не очекував толку голем пресврт во мојот живот. Тоа го прави медиумот - популарен. Знаете, лесно е да се стане популарен, но многу потешко е да се остане, а не само да бидеш инстант-производ што ќе го снема за кратко време“.



Какви впечатоци носиш од шоуто, остана ли во комуникација со другите учесници?

„Впечатоците од ’Идол’ се само позитивни. Останав во контакт со некои од кандидатите, но со некои не се гледам често поради обврските“.



Како ја доживуваш популарноста, која, буквално, ти се случи преку ноќ?

„Па се' уште се обидувам да сфатам што ми се случи во последните месеци и веќе со тек на време и со помош од луѓето во мојата продукција почнувам полека да се навикнувам на тоа што го имам сега“.



Успеваш ли да им одговориш на сите оние девојчиња што трчаат и врескаат по тебе?

„Се трудам да им обрнам внимание на сите. Сепак, сега имаме многу работа така што враќам колку што можам“.



Кој е Кико? Од каде потекнува, колку години има, што учи, што го интересира, каде излегува?

„Христијан Тодороски е горд прилепчанец. Има 19 години и се уште размислува на кој факултет сака да се запише. Заврши средно музичко во Битола (отсек ударни инструменти) и во последно време нема многу време за излегување, но кога има, сака да посети добра рок-свирка“.



Какви девојчиња сакаш?

„Пред се', сакам убави и паметни девојки. Имам изјавено дека сум слаб на русокоси и не бегам од тоа“.



Неодамна ја сними првата песна и спот...

„Па да. Неодамна го снимив мојот прв сингл „Пекол и рај“. Текстот е на Борче Димитров, музиката е на Јован Јованов и аранжманот на Иван Јованов. Песната ја снимав во студиото на Јован Јованов. А чувството додека го снимаш твоето првенче е прекрасно и сакаш се' да биде во најдобар ред. Знаете, тоа е нешто што до вчера реално ти било само сон, а денеска е реалност. Среќен сум што мојот сон се остварува“.



Кои се твои музички идоли? Од кого учиш како да се однесуваш на сцена?

„Мој единствен музички идол е Еди Ведер (Pearl Jam). Сепак. за однесувањето на сцена можам да кажам дека земам примери од сите познати изведувачи“.



Кои се наредните планови на „Мак мјузик“ во однос на твојата кариера?

„Во почетокот кога го потпишав договорот, добив листа со агенда за наредните шест месеци. На секои шест месеци се прави планот за наредните, во зависност како до тогаш тече кариерата. Најново нешто од мене е тоа што подготвувам песна за „Охрид фест“, па видеоспот, настап на „Макфест“. И другото ќе го видите...

Каде ќе го поминеш летово?

„Ова лето ќе го поминам работно. Имам доста обврски, учество на фестивали, настапи по дискотеки, емисии. Ако имам време за одмор, ќе скокнам до нашиот мил и драг Охрид“.
Вратете се на почетокот Go down
https://kikotodoroskifanclub.forummk.com
 
По него врескаат тинејџерките
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Христијан Тодороски Фан Клуб  :: Христијан Тодороски :: Новости-
Отиди до: