Todoroska♥ Администратор
Број на мислења : 594 Reputation : 14 Член од : 2011-05-05 Години : 39
| Предмет: Христијан Тодороски е сингл Чет 05 Апр 2012, 12:49 | |
| На Христијан Тодороски љубовниот статус му е сингл. Миленикот на женската популација и ексклузивецот на План Б открива дека нема девојка, не за друго туку затоа што сакал целосно да им се посвети на обожавателките, кои имале големо влијание во неговата музичка кариера. Вели, во сабота подготвувал роденденска журка на која ќе го прославел дваесеттиот роденден, а кога ќе ги дувал свеќичките ќе си замислел желба да се врати една година порано, во според него најубавиот период од животот кога и започнала неговата приказна под естрадното небо.
Тогаш му започнале првите контакти со луѓето од македонскиот шоу-бизнис, стекнал многу пријатели, почнале првите контакти со обожавателките... токму затоа признава дека сака да им се посвети на сите подеднакво, а не на една посебно. Исто така, открива и дека идната недела ќе се затвори во студио за да сними нова песна, а кој ќе биде насловот на новата тема се уште не сака да открива.
"Немам девојка, им посветувам внимание на сите обожавателки. Мислам дека благодарение на нив мојата кариера се движи кон подобро. Во сабота ми е роденден, а роденденска желба ми е да можам да се вратам една година назад, да го доживеам уште еднаш стартот во музичките води. Идната недела ќе започнам со снимање на нов сингл, но рано е да ви откријам повеќе детали", вели Кико.
превземено од вечер.ком.мк
| |
|