Todoroska♥ Администратор
Број на мислења : 594 Reputation : 14 Член од : 2011-05-05 Години : 39
| Предмет: Кико и Иво: Не привлекуваат постари жени Вто 12 Jул 2011, 10:47 | |
| Кико и Ивица, едни од финалистите на првата сезона од Македонскиот идол кои потпишаа за продукцијата Мак мјзуик, како млади и надежни таленти добија простор во македонското издание на Playboy. За рубриката 20 прашања, во која честопати се остава простор на младите лица кои се појавуваат на нашата сцена, тие одговараат на неколку интересни прашања |
| |
Каков е планот на продукцијата со вас? Какви артисти ќе бидете? Ќе бидете ли новиот Слаткар, во поп-рок форма? Кико: Пред сѐ ќе бидам поп-изведувач и ќе го правам тоа што публиката го бара од мене, затоа што публиката е таа поради којашто сум јас тука каде што сум. Не се гледам како хип-хоп изведувач, но не сметам дека не треба да бегам од стилот на музика. Секогаш сакам да експериментирам. Кои ви се првите впечатоци од соработката со новата продукција? Кико: Одлични. Сепак со Јован и Кристијан успеавме да направиме добра песна и добар спот за многу кратко време. Сега за сега односите со Мак мјузик се перфектни. И мислам дека така и ќе останат. Како оди дружбата со понежниот пол по Идолот? Кико: Одлично. Многу подобро отколку пред Идолот. Сте се затрескале ли во постара жена? Кико: Даааа (се смее). Во Џена Џејмисон, Сара Леши и Сузана Гавазова.
| |
|